СИСТЕМ АДМИНИСТРАЦИЈА
Системската администрација ја извршуваат ИТ стручни лица со цел да овозможат функционалност на сите компјутерски системи и сервиси.
Системските администратори вообичаено се задолжени за инсталирање, поддршка и одржување на сервери и други компјутерски системи, како и планирање и соодветно реагирање при прекин на работата и решавање на други проблеми. Останатите должности може да вклучуваат управување со проекти, надзор и обука на корисници и помош при решавање на проблеми при секојдневната работа на корисниците. Со оваа услуга Актон обезбедува максимална доверливост и достапност на критичните системи на сите вработени во компанијата.
ПРОДАЖБА И ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ИТ ОПРЕМА
ИТ ИНФРАСТРУКТУРА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ МРЕЖИ
Професионалниот тим од инженери и техничари за сите заинтересирани корисници обезбедува планирање, проектирање и поставување на IT инфраструктура и LAN/MAN/WAN мрежи, локални Wi-Fi мрежи, Point-to-Point радио линкови и врски и одржување на истите.
Актон има учествувано во големи проекти и ќе ни биде мило да Ви ја испратиме нашата референтна листа.