ИHTEPHET

Симетричен интернет пристап  
Симетричен интернет пристап е услуга која Актон ја обезбедува на целата територија на Северна Македонија. Оваа услуга е со загарантиран квалитет и истиот е поддржан со SLA (Service Level Agreement) којшто содржи три параметри: достапност, загуба на пакети и доцнење. Гаранцијата како и исклучително брзото време на интервенција не издвојува од останатите телекомуникациски оператори.





МЕЃУНАРОДНИ ВОДОВИ
Актон нуди сигурна и брза IPLC меѓународна врска од точка до точка. Мрежата и флексибилноста ни овозможуваат да ги поддржиме сите пристапни мрежни брзини. Овој сервис обезбедува неколку важни предности за оние корисници на коишто им е потребен загарантиран меѓународен капацитет.

Главните карактеристики на IPLC водовите се:

  • Сигурна и редундантна backbone мрежа
  • 4 меѓународни PoP (Points of Presence) и 8 регионални PoP (Points of Presence)
  • 24/7 достапност на стручен и искусен тим за мониторинг со брза професионална поддршка
  • Голема мрежа на локални партнери во регионот и светот
  • Партнерство со бројни големи светски оператори




КОЛОКАЦИЈА И СЕРВЕР ХОСТИНГ УСЛУГА

Колокација
Актон нуди услуга за колокација преку своите „carrier neutral” податочни центри кои се интегрирани во backbone оптичката мрежа на Актон како и мрежите на другите оператори-партнери.
Тоа им овозможува на корисниците да изнајмат простор и да создадат врска до секоја крајна точка без ограничување на изборот на операторот кој е присутен во податочниот центар.

Сервер хостинг
Основни карактеристики на услугата:

  • Климатизиран простор со редундантна климатизација
  • Агрегатско напојување
  • УПС преднапонска заштита
  • Противпожарна заштита
  • Детална статистика за потрошен интернет сообраќај
  • План за деловен континуитет во договор со корисникот
  • Можност за доделување на јавни IP адреси






Други сервиси

ТЕЛЕФОНИЈА
Актон на своите корисници им овозможува јавна фиксна телефонија на територијата на целата држава преку VoIP технологија. Оваа услуга се реализира во согласност со законот за електронски комуникации како и правилникот за овозможување на говорни услуги.

ВИРТУЕЛНИ ПРИВАТНИ СЕРВЕРИ - ВПС
VPS хостинг услугата им овозможува на корисниците брзо и едноставно да обезбедат своја ИТ инфраструктура. Оваа услуга претставува едноставен модел како сите капитални инвестиции така и трошоците за одржување кои би ги направиле со вложување во сопствен систем да ги префрлите во оперативните трошоци. 
 
Исто така, во секој момент можете да зголемите или додадете нова конфигурација на ВПС сервери со што се овозможува неверојатна скалабилност и еластичност на Вашата ИТ инфраструктура.

ВЕБ ХОСТИНГ
Веб хостинг услугата овозможува изнајмување простор на диск за сместување на веб страната на серверот. Исто така, во склоп на оваа услуга се нуди и е-маил сервис, неопходен за секоја компанија.