Messaging услуги – услуги за испраќање на пораки





SMS ПОРАКИ 

Актон е меѓународен телекомуникациски оператор со локални и меѓународни интерконекции. Користиме сопствена платформа за испраќање на пораки и обезбедуваме A2P (Application-to-Person) сервиси за испраќање на пораки со висок квалитет преку проверени партнери кон сите светски дестинации. Со многу мало задоцнување и голем процент на испорачани пораки, нашите messaging сервиси претставуваат најсигурен начин за контакт со Вашите корисници кои што се наоѓаат на било која дестинација.
 
Овозможуваме два начина за поврзување со нашата СМС платформа со SMPP или HTTP пристап кон СМС платформата. Нашиот мрежен оперативен центар го надгледува секој пренос на пораки и е во можност да ги разреши сите комплексни проблеми кои би можеле да се појават.
 
Актон обезбедува различни типови на СМС сервиси како што се Premium SMS, High Quality SMS, Wholesale SMS, SS7 SMS…
 
Сервисите наменети за компаниите се дел од Актон A2P сервисот. Доколку сте заинтересирани за Bulk SMS, нотификациони и верификациони пораки, можеме да Ви понудиме единствена професионална платформа помеѓу Вас и мобилните оператори со што се олеснува работата за испраќање на пораки кон сите мобилни оператори во земјата и светот. 
 

Актон е во можност да ги испорача Вашите пораки по најповолна цена кон сите дестинации без ограничувања. Со пристапот кон платформата и алатките кои што се имплементирани Ви овозможуваме да ги испратите сите СМС пораки и да ги проследите потребните извештаи.




ВИБЕР ПОРАКИ

Актон е директен партнер на Rakuten!

Промовирајте го својот бизнис преку Вибер промотивни и трансакциски пораки по најдобри услови на пазарот во Северна Македонија.


Вибер
промотивна
порака

Вибер
трансакциска
порака





ПРЕМИУМ СМС ПОРАКИ  

Премиум
CMC
пораки