Нашата современа телекомуникациска back-bone мрежа со висок капацитет и со единствено географско меѓудржавно присуство ви овозможува да дојдете до било кој од вашите клиенти на подрачјето каде што е застапен Актон.
Јадранската мрежа по однос на покриеноста е единствена. Државите како што се Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија, Бугарија и Албанија никогаш не биле поблиску.
Доколку ви се потребни гласовни, IP или податочни услуги со голем капацитет во Јадранскиот регион, тогаш разговарате со вистинскиот партнер. Нашата мрежа има исклучителни капацитети, голема прилагодливост и широки можности за поврзување – одличен избор за сите ваши барања.
Доверливост
Преносот на големи количини податоци помеѓу локациите бара прилагодлива и доверлива мрежа којашто истовремено ја обезбедува и потребната широчина на опсегот за пренос на податоци. Дизајнот и управувањето се решени на начин што гарантира минимални испади.
Прилагодливост
Направивме мрежа за 21-иот век! Мислевме на иднината. Јадранската мрежа е направена на тој начин да нуди и обезбедува врвни услуги без компромис по однос на квалитетот.
Квалитет
Освен нашите 24/7 оперативни центри, дополнителен квалитет на услугите обезбедува и нашиот нов центар за контрола на квалитетот на секоја извршена услуга.