Мрежа


Нашата современа телекомуникациска back-bone мрежа со висок капацитет и со единствено географско меѓудржавно присуство ви овозможува да дојдете до било кој од вашите клиенти на подрачјето каде што е застапен Актон.
 
Јадранската мрежа по однос на покриеноста е единствена. Државите како што се Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија, Бугарија и Албанија никогаш не биле поблиску.



Доколку ви се потребни гласовни, IP или податочни услуги со голем капацитет во Јадранскиот регион, тогаш разговарате со вистинскиот партнер. Нашата мрежа има исклучителни капацитети, голема прилагодливост и широки можности за поврзување – одличен избор за сите ваши барања.

Доверливост
Преносот на големи количини податоци помеѓу локациите бара прилагодлива и доверлива мрежа којашто истовремено ја обезбедува и потребната широчина на опсегот за пренос на податоци. Дизајнот и управувањето се решени на начин што гарантира минимални испади.

Прилагодливост
Направивме мрежа за 21-иот век! Мислевме на иднината. Јадранската мрежа е направена на тој начин да нуди и обезбедува врвни услуги без компромис по однос на квалитетот.

Квалитет
Освен нашите 24/7 оперативни центри, дополнителен квалитет на услугите обезбедува и нашиот нов центар за контрола на квалитетот на секоја извршена услуга.




Присуство


Целосно решение за Јадранскиот регион
Големиот избор на деловни податочни услуги кои одговараат како за локалните компании, така и за мултинационалните корпорации, опфаќаат IP и IP VPN услуги, безбедносни услуги, услуги за управување на мрежа како и IPLC – меѓународни приватни закупени линии. 
 
Договорите за ниво на услугите од нашиот глобален избор во поглед на преносот на податоци ви нудат ефикасни индикатори, додека нас ни овозможуваат да го обезбедиме очекуваното високо ниво на сите услуги во целата мрежа.
 
Точки на присуство во Јадранскиот регион
Преку нашата мрежа, на нашите корисници им овозможуваме безбедни и доверливи мрежни услуги. Во секоја држава којашто е покриена со нашата мрежа, постои барем една точка на присуство.
 
Меѓународни точки на присуство
Поврзете се со една од нашите меѓународни точки на присуство кои се наоѓаат во Франкфурт (Германија) и Виена (Австрија) и искористете ја нашата современа мрежа.