ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ


ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА АКТОН ДООЕЛ СКОПЈЕ

Име на компанијата:  Друштво за телекомуникациски инженеринг Актон ДООЕЛ Скопје
Седиште:   23 Октомври 11/
А, 1000 Скопје
МБС: 5956447
ДБ: MK4030005538077
Датум на основање:  24.02.2005
Основен капитал: 1.826.400,00 МКД
Банкарска сметка:

210-0595644701-68 НЛБ Банка АД Скопје

IBAN:MK07210300000241589
SWIFT: TUTNMK22

НЛБ Банка АД Скопје
Бул. Мајка Тереза бр. 1, 1000 Скопје

Телефон: +389 2 3298 012
Веб страна:  www.akton.com.mk
Организација на компанијата:  Друштво со ограничена одговорност на едно лице
Основач:  Актон ДОО Љубљана, Словенија (Akton DOO Ljubljana, Slovenia)
Број на вработени на ден 31.12.2021: 10
Главна дејност: 61.90 Други телекомуникациски дејности                                                   




Главни приоритети за периодот 2022-2027


1. Одржување на доверливоста на услугите
Актон обезбедува највисоко ниво на доверливост на услугите на пазарот и награден е со голема лојалност од страна на корисниците.
 
2. Насоченост кон корисниците
Актон е флексибилен кон потребите на корисниците и исто така овозможува креирање на услуги во согласност со нивните потреби.
 
3. Конкурентни понуди
Со користење на традиционалните и најновите телекомуникациски технологии, сопствена мрежа, сопствени лиценци и локално присуство овозможуваат формирање на понуди со најдобар однос помеѓу цената и квалитетот.
 
4. Се на едно место
Со одличното познавање на локалниот пазар, сопствената мрежа и лиценци, на едно место ги обезбедуваме барањата на корисниците за различни услуги на сите локации во регионот.
 
5. Зголемување на синергијата помеѓу компаниите во рамките на Актон Групацијата
Дефинирање и развивање на општи деловни процеси и воспоставување на стандардизирани канали за комуникација за сите компании во рамките на Актон Групацијата.
 
6. Зголемување на способноста за реализација
Развивање на продажни и технички знаења на највисоко ниво и воспоставување на процес за пренос на знаење во целиот регион.
 
7. Обезбедување на финансиска стабилност
Достигнување на поставените цели во поглед на зголемување на приходите во сите држави со истовремена контрола на трошоците во рамките на буџетот.




Нашата визија


Да станеме префериран партнер за телекомуникациски услуги!


Нашите вредности


Доверливост и интегритет
Без оглед на сѐ, секогаш постапуваме согласно нашите основни начела и етички принципи.
 
Фокусирани на квалитет
Испорачуваме висок квалитет и стандардот за квалитет го подигнуваме сѐ повеќе.
 
Ориентирани кон резултати
Сѐ стремиме кон конкретни позитивни резултати, при што секогаш бараме начини за подобрување на долгорочните резултати.
 
Истрајност
Постојано сме активни и без оглед на тоа, способни сме од себе да вложиме и дополнителна енергија за остварување на најголемите цели.
 
Почитување
Ги знаеме нашите вредности и ги почитуваме вредностите на другите.
 
Креативност
Нема ограничувања. Со цел да најдеме подобри и поефикасни решенија, секогаш размислуваме надвор од дадените параметри.




Општествена одговорност


АКТОН доследно ги почитува основните принципи на општествената одговорност. Општествената одговорност во Актон Групацијата ја гледаме како обврска за соработка со опкружувањето во кое работиме. Сѐ трудиме да работиме на начин на кој сите соработници можат да го осетат нашиот дух и нашите високи општествени стандарди.

 

Грижа за вработените
Работиме во високо технолошка дејност каде напредокот е условен само со високо мотивирани и посветени вработени коишто со своето знаење и искуство секојдневно остваруваат позитивни резултати во својата област на работа. За Актон важен е секој вработен и поради тоа заеднички градиме култура на меѓусебна доверба, почитување, ефикасна соработка и тимска работа. Редовно учиме и водиме сметка да бидеме одговорни и ефикасни во однос на работата и опкружувањето. Актон на своите вработени им овозможува различни стручни школувања, учество на меѓународни форуми и конференции и со цел личен раст и напредок на секој поединец.
 
Деловни партнери
Актон е свесен дека задоволните деловни партнери се клучен фактор во денешното конкурентно опкружување. Поради тоа, нашето мото е: Обезбедување на услуги со додадена вредност кои се прилагодени на потребите на корисникот.
 
Пред извесно време, утврдивме дека клучен услов за успешна деловна соработка се долгорочните договори кои овозможуваат двострана корист на партнерите. Заедно со секој деловен партнер се обидуваме да најдеме решение со најдобар однос помеѓу цената и квалитетот. Квалитетот на услугите и сервисите се следат системски и врз основа на резултатите истите се надоградуваат.
 
Животна средина
Нашата работа е насочена не само кон обезбедување на квалитетни, туку и на еколошки решенија кои се корисни и за општеството. Сите вработени во сите одделенија го рециклираат отпадот и во своето работење користат амбалажа за повеќекратна употреба.
 
Сите процеси во компанијата се организирани на тој начин што во најмала мерка се употребува хартија и принтер. Целата внатрешна комуникација и дел од архивираните документи во Актон Групацијата се наоѓаат на електронски платформи кои што не побаруваат сечење на дрвјата.
 
Човек на човек
Во Актон сме свесни дека статистички во нашата земја на секои 5 минути некому му треба крв! Ја поддржуваме основната идеја дека секој крводарител е херој и ги поддржуваме сите вработени кои што ќе се одлучат на тој племенит чекор.
 
Исклучително сме горди на сите вработени кои што се крводарители. Во таа смисла, организираме и „Актон ден“, на кој што во голем број се приклучуваме кон таа солидарна акција.
 
Спонзорство
Донаторски и спонзорски средства во текот на целата година се насочени кон различни интересни групи во хуманитарната област во зависност од нашите можности.
 
Насочени сме на долгорочни проекти каде што можеме да постигнеме најдобри резултати и да помогнеме на што поголем број луѓе кои што имаат потреба од помош. Во Актон особено се цени и се поддржува работата и напорот на сите кои што помагаат, особено на оние кои што им помагаат на децата.