Услуги за оператори


Нашата најсовремена MPLS и ETH мрежа со единствено прекугранично географско присуство ви овозможува да се поврзете со било кој клиент на територијата на нашата мрежа. Државите како што се Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Бугарија и Албанија никогаш меѓусебно не биле поблиску.




ГОВОРНИ УСЛУГИ
Актон е меѓународен оператор со директни врски со сите најголеми Tier 1, мобилни, алтернативни и оператори на фиксна телефонија. На нашите клиенти им овозможуваме услуги со висок квалитет преку нашите директни врски во регионот како и висококвалитетни услуги на транзит преку нашите партнери за  сите светски дестинации. Во регионот сме сопственици на мрежата и лиценците за терминација во фиксните и мобилните мрежи во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија и Црна Гора.

 

Квалитет и врвна поддршка
Со помош на сопствената мрежа ви нудиме најдобро решение за вашиот меѓународен говорен сообраќај во јадранскиот регион и квалитетни говорни услуги за сите дестинации во целиот свет, каде што соработуваме директно со сопствениците на мрежите и Tier 1 операторите. Квалитетот  гарантира стабилна високо редундантна современа мрежа, која ги поддржува сите протоколи на пренос (TDM/SS7 и VoIP архитектура). Современата технологија, поддржана со најновите програмски решенија и овозможува на Службата за поддршка на корисниците  во реално време да врши надзор на сите параметри на квалитетот (ASR, ACD, MOS и FAS идентификација) и во соработка со нашата техничка екипа брзо и ефикасно решавање на проблеми. Службата за поддршка на клиентите ви е на располагање на македонски и англиски јазик.

 

Висока флексибилност и комуникација
Од  основањето во 1991 година, собравме  многу искуства со помош на кои на партнерите им помагаме  во поврзувањето со тешко достапните дестинации. Нашата одлика е обезбедување на услуги по мерка на клиентот и висока  флексибилност при склучување на билатерални договори, кои можат да опфаќаат говорни, СМС и ДАТА услуги. Поради  голема професионалност и долгогодишни успешни односи со голем број меѓународни клиенти ние сме омилен партнер во балканскиот регион. 




СМС ПОРАКИ

Испрати и прими СМС порака од/на својот мобилен уред преку телекомуникациската мрежа во целиот свет преку платформа којашто е поврзана со повеќе од 150 други понудувачи / оператори во светот.
 

CMC
ПОРАКИ

КЛИКНИ ЗА ПРЕГЛЕД

 

Актон е меѓународен оператор со локални и меѓународни интерконекции. За услугата кратки пораки користиме напредна инфраструктура и ја нудиме услугата A2P SMS порака (Application-to-Person) преку директни интерконекции во регионот и преку високо квалитетни 1 hop врски со сите дестинации во светот. Со мало задоцнување и голем процент на достава на кратките пораки, нашиот сервис за СМС пораки е најсоодветен за сигурен начин за информирање на корисниците низ целиот свет.

Актон нуди два вида врски со нашиот СМС Gateway,  стандардните SMPP и API интерфејс преку http/https кои што се тестирани, лесни за користење од кориснички аспект и едноставни за управување. Модерната опрема и најновата технологија во областа на СМС пораките ги  поддржуваат сите најнови барања за успешно праќање  на истите. (Поддржани називи на испраќачите се: Alpha-numberic SID, long number и short number). Со помош на најновата опрема  во контролниот центар во реално време ги следиме сите параметри на квалитетот и брзо и ефикасно ги решаваме евентуалните проблеми.

Актон ви нуди различни видови на SMS услуги како што се:Premium SMS, High Quality SMS, Wholesale SMS, SS7 SMS.




УСЛУГИ ЗА ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ

Актон обезбедува меѓународни приватни закупени водови (MPLS и ETH) како и други услуги помеѓу сите наши точки на присуство до било кој од Вашите клиенти.
 
Проверете ги нашите предности:

  • Едно контакт лице за цел јадрански регион – OSS (понудувач на услуги на едно место)
  • Непрекината обврска за висок квалитет (SLA – договор за ниво на квалитет на услугата)
  • Потполно безбедна и сопствена back-bone мрежа
  • Сопствена оптичка метро  мрежа во Љубљана, Загреб, Сараево, Белград, Скопје и Подгорица
  • Целосно редундантна сопствена инфраструктура
  • Непроценливи години искуство на сите вработени во целиот регион
  • Управување со над 500 активни врски до деловните клиенти во регионот
  • Проактивно следење на работата на сервисите 24x7
  • Управување со опрема кај корисникот (managed CPE)
  • Брзи и професионални реакции (кратко време на одзив)
  • Директна соработка со локалните оператори

Со сите услуги кои ги нуди Актон, тој е вистинскиот партнер за Вас и Вашата компанија.

 

MPLS
Актон во 2008 година воведе меѓународната MPLS услуга во рамките на сопствената мрежа за подрачјето на целиот Jадрански регион.  

Новата технологија му овозможи на Актон подобрување на back-bone мрежата, и со тоа зголемена безбедност, подобро насочување и подобро искористување на расположливите капацитети. Актон нуди L3 MPLS врски коишто на корисниците им овозможува креирање на Intranet/Internet или Common Service VPN. Актон back-bone мрежата исто така ги поддржува CsC (Carrier supporting Carrier) врски  и обезбедува QoS (Quality of Service).

Нашите клиенти можат да ја распределуваат широчината на пропусниот опсег помеѓу апликациите и протоколите како што се VoIP, видео конференции, SAP, SIP, Citrix, X-Windows, PC-Anywhere, Netshow, Netbios, NFS, HTTP, пристап на интернет, електронска пошта и многу повеќе.

 

ИНТЕРНЕТ
Актон нуди безбедни и брзи ИНТЕРНЕТ  врски од точка до точка или до повеќе точки. Мрежната прилагодливост ни овозможува поддршка за сите брзини на пристапот, од 1 Mbps до 10 Gbps. Услугата може да биде воспоставена  преку PURE ETHERNET L2, ETHoverSDH или ETHoverMPLS платформата. Услугата овозможува предности за сите на кои им се потребни сигурни и ценовно ефикасни меѓународни капацитети.

 

IP транзит
Актон преку својата мрежа ги обединува директните врски кон понудувачите на интернетот Tier 1 и до најважните IX центри за директна размена на Интернет сообраќај. Со тоа, на нашите партнери им овозможуваме високо квалитетен Интернет транзит  во сите свои колокациски простории и во другите  точки на присуството во јадранскиот регион.

 

DIA (Дедициран Интернет Пристап) и широкопојасен Интернет пристап
Актон нуди симетричен интернет пристап (DIA) на своите клиенти на кои што им е потребна можност за поврзување на високо ниво за своите клучни деловни комуникации, апликации и мрежи. Прилагодливоста на мрежата овозможува поддршка за сите гарантирани брзини на пристап, од 1/1 Mbps do 10/10 Gbps со насочување на сообраќајот кон рути со најмало задоцнување и обезбедување на силен договор за ниво на квалитет на услугата (SLA). Нашите клиенти добиваат врвна можност за поврзување во склоп на AS (25467).

Актон нуди  DDoS заштита во IP мрежа. Актон DIA DdoS PROTECT е висококвалитетна робусна услуга DDoS која ги штити нашите клиенти од сите облици на DDoS напади, а не само од волуметриски напади. 


Неосветлени оптички влакна (Dark Fiber)
Актон располага со сопствена разгранета метро мрежа во Љубљана, Загреб, Белград, Скопје, Сараево и Подгорица. Можеме да понудиме неосветлени оптички влакна по стандардот ITU-T G.652 во сите градови. Топологијата на мрежата може да биде изградена според потребите на нарачателот.

 

Управување со корисничка опрема (Managed CPE)
Преку услугата Managed CPE, Актон ја инсталира, конфигурира, управува, контролира и обезбедува услуги за техничка поддршка на опремата кај крајниот корисник (CPE).

По основ на специфичните барања на клиентот, Актон му предлага мрежна опрема рутер/свич која што ќе ги задоволи потребите.




УСЛУГИ ЗА КОЛОКАЦИЈА

Актон нуди закуп на колокациски простор во своите »carrier neutral« податочни центри кои што се редундантно интегрирани во back-bone оптичката мрежа на Актон и мрежите на останатите оператори. Во своите податочни центри низ целиот јадрански регион нуди можност за поврзување со сите присутни оператори. Со тоа, на клиентите им се овозможува поврзување до секоја крајна точка, притоа неограничувајќи ги операторите кои што се присутни во податочните центри.
 
Партнерите можат да бираат помеѓу закуп на простор во телекомуникациски рек ормар (server hosting) и закуп на простор за поставување на еден или повеќе комуникациски ормари кој вклучува и 24/7 ниво на техничка поддршка (first level support).
 
Стратешко лоцираните податочни центри на Актон Групацијата по целиот јадрански регион нудат најсовремени колокациски можности за инсталација на опрема. Планирани, изградени и управувани по највисоки стандарди станаа водечки податочни центри во регионот. Истовремено, станаа и преферирани помеѓу операторите и компаниите на кои им се потребни највисоки стандарди за чување на своите податоци. Сите податочни центри се опремени со целосно UPS напојување, резервни системи и N+1 или поголема редундантност со најсовремени системи за ладење. Сите вработени во податочните центри располагаат со оперативно стручно знаење. Обезбедуваме усогласеност со сите стандарди и физичко обезбедување за целосна заштита на Вашата опрема и податоци. Податочните центри се осмислени на тој начин да ги задоволат и највисоките технички и оперативни барања на нашите клиенти.
 
 



Во нашите податочни центри на клиентите им нудиме:

  • Центар за следење и поддршка 24 саати на ден, 7 дена во неделата
  • Услуга 24x7 Remote Hands & Eyes
  • 24/7 пристап до опремата
  • Положување на кабли (обележување, полагање, инсталација на панели)
  • Замена на резервни делови за опремата или проширување на истата преку инсталирање на дополнителни картички
  • Пакување и испраќање на опрема
  • Обезбеден паркинг простор
  • Личен Контакт